-->
-->
Жител на Порој одгледувал марихуана во саксија
-->
Полицајци вчера извршиле претрес кај 26-годишник во тетовски Порој и нашле стебла марихуана засадени во саксија, како и остатоци од кокаин. Претресот бил извршел по судска наредба.
-Од 16 часот и 20 минути до 17 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово извршиле претрес во домот на 26-годишниот Е.А. во тетовски Порој. Е.А., кој не присуствувал на претресот, денеска повикан е во СВР Тетово и се расчистува и документира случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, информира СВР Тетово.
Најдените количини марихуана и остатоци од кокаин се фотодокументирани и подигнати за вештачење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
-

Пијан велешанец ја нападнал мајка си и ѝ го скршил мобилниот телефон
-

26-годишник живеел во вонбрачна заедница и силувал малолетно девојче повеќе од една година
-

Сообраќајка помеѓу 4 автобили во Скопје, повредени повеќе лица
-

Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот сообраќај во прекин
-

Муцунски: Нема информации за закани кон Македонија поради поддршката на американските операции во Заливот
-

Трамп се закани со сериозна воена одмазда против Иран и Хутите како негови сојузници
-

Кавадарчанец осомничен дека измамил кумановка за 9.000 евра со ветување за странски пасош | ФОТО
