Филипче: Партиите без исклучок да ги почитуваат сите протоколи и мерки во кампањата
По објавениот датум за избори, Министерот за здравство Доц.д-р. Венко Филипче упатува апел до сите политички чинители за спроведување на целиот изборен процес без загрозување на здравјето на граѓаните.
„Во врска со договорениот датум за изборите би сакал да испратам порака до сите политичкки партии и чинители кои учествуваат во изборниот процес.
Барам апсолутно сите кандидати, партии, активисти, сите кои ќе бидат дел од камапањата да бидат одговорни и да ги почитуваат, без исклучок, сите протоколи за заштита од коронавирусот. Жарот на политичката битка не смее да го надвладее разумот и во ниту еден момент политиката не смее да се исправи пред здравјето на граѓаните.
Барам секоја активност да биде целосно прилагодена на препораките. Очекувам сите политички партии да постигнат согласност околу начинот на водење на кампањата каде ќе се даде целосен приоритет единствено на активности кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните.
Уверен сум дека изборниот процес може да се организира на начин безбеден за сите учесници, а тоа е единствено можно само ако сите доследно се придржуваат до јасно пропишаните мерки на Комисијата за заразни болести.
Функционерите и лидерите на политичките партии и партиските активисти имаат обврска да бидат пример за сите за доследно придржување кон мерките за заштита на колективното здравје.
Соочени со избори во време на пандемија, како земја мора да покажеме дека сме подготвени да одговориме и на овој предизвик, да одржиме фер и безбедни избори без ниту еден ризик по здравјето на граѓаните“ – нагласува Филипче.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана