Бизнис
11. јуни 2020 - 16:49

Поповски: Државата ќе ги плати придонесите за медиумските работници за три последнователни месеци

Државата 100% ќе ги покрива придонесите за плати на медиумските работници. Вработените во телевизиите, печатените медиуми, интернет портали и радија во наредните 3 месеци, односно за јуни, јули и август ќе бидат ослободени од плаќање задолжително социјално осигурување. Услов за добивање на помошта е газдите да не отпуштаат вработени додека трае мерката, и минимум во наредните 3 месеци, намалените плати да ги вратат на ниво пред кризата и да имаат најмалку 3 вработени.

Целта со ваквата мерка е да им се помогне на медиумските работници кои навремено и професионално известуваа, без  ширење лажни вести за време на корона кризата. Според Поповски, во некои ситуации токму лажните вести биле побрзи од вирусот,  состојба која загрижува и може да ја дестабилизра државата.

 - За жал, лажните вести се уште ги има. Поразувачки е дека 10 отсто од граѓаните веруваат дека вирусот не постои. Ова драматично ме загрижува. Вистинските информации треба да допрат до секој граѓанин. Сакам да ве замолам, за максимална професионалност. Се додека имаме граѓани кои сметаат дека нив нема да ги снајде болеста, сите ќе страдаме. Од нас зависи како ќе излеземе и како ќе се справиме со кризата“, рече Поповски.

Опозицијата пак, за ширење лажни вести пак, ја обвини власта. Сметаат дека функционерите на Заев и СДСМ на секој начин се обидуваат да го прикријат притисокот кон медиумите и заканите кон медиумските работници  со мерки  кои немаат ефект. Медиумите кои се  под контрола на Зоран Заев изминативе неколку месеци  во повеќе наврати се фатени „живи“ како шират лажни вести по нарачка од СДСМ кои се  во паника од претстојниот изборен пораз., се наведува во писмената реакција на опоозициската ВМРО ДПМНЕ.

Инаку за  ширење лажни вести кај нас се уште кривично не се одговара, но од Владата најавија дека се подготвуваат мерки насочени токму кон одбраната од ваквите вести и организирана пропаганда.