-->
-->
Најмалиот шах на светот
-->
Еден микроскулптор од Турција ја изработи најмалата табла и фигури за шах во светот. „Таблата“ има размер 0,89 на 0,89 сантиметри.
Некати Коркмаз тврди дека неговата минијатурна творба е двапати помала од онаа којашто сега го држи Гинисовиот рекорд.
За да го создаде овој шах, нему му биле потребни шест месеци и шест часа на ден работа под микроскоп. Коркмаз е горд со своето дело, оти, меѓу другото, тоа е и целосно функционално. Но, шахистите ќе треба да имаат микроскоп, за да ги видат фигурите…
Турчинот досега дизајнирал над 40 микротворби, коишто се изложени во неговиот уметнички центар во Кушадаси.
Досегашен рекордер во оваа дисциплина беше американецот Ара Газаријан, со шахче од 1,52 на 1,52 сантиметри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Две лица загинаа во вооружен инцидент во Сиетл
-

Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија
-

Израел ќе дозволи влез на меѓународни сили во Појасот Газа
-

Почина познатиот актер Гоце Тодоровски
-

Променливо облачно и топло, наместа пороен дожд, грмежи и силен ветер
