Два нови случаи на Ковид-19 во Гостивар, закажани се 50 тестирања
![]()
Епидемиолозите открија два нови случаја на инфицирани со корона вирусот во Гостивар. Со неодамнешните во општина Гостивар, до денес активни се вкупно четири, колку што има и во соседната општина Врапчиште.
Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб, двата нови случаја се регистрирани во селото Чегране.
Со оглед дека работат во јавни установи, епидемиолозите денеска ќе тестираат најмалку педесет нивни колеги и роднини кои, според анкетите, во изминатиот период биле во контакт со нив.
Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари ја оценува состојбата како стабилна, но предупреди на можно зголемување на бројот на заболени, како дел од вториот бран на пандемијата.
Во трите гостиварски општини од почетокот на пандемијата направени се 370 тестови, а во моментов активни се вкупно осум случаи. Од последица од коронавирусот, починаа три лица.
Ново на Сител
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
-

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
-

Камп Фест викендов во Преспа
-

Одбележани 25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Скокнал од чамец по веслата кои му паднале, скопјанец се удави во Преспанското Езеро
