ЕУ до САД: Преиспитајте ја одлуката за повлекувње од СЗО
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел, ги повикаа САД да ја „преиспитаат својата одлука“ за прекин на врските со Светската здравствена организација, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). )
„Соочени со глобална закана (коронавирусот), дојде време да ја зајакнеме соработката и да најдеме заеднички решенија. Треба да се избегнат дејствија што ги ослабуваат меѓународните резултати. Во овој контекст, ги повикуваме САД да ја преиспитаат својата најавена одлука“, се вели во заедничката изјава.
Урсула фон дер Лајен и Борел додадоа дека СЗО треба да продолжи да може да води „меѓународен одговор на пандемијата, сегашна и идна“, нагласувајќи дека поради тоа е неопходно „учеството и поддршката на сите“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа објави дека САД ги прекинуваат врските со СЗО, за кои ги обвини дека се премногу попустливи кон Кина од почетокот на пандемијата на новиот коронавирус.
„Бидејќи тие не успеаја да ги спроведат потребните и побараа реформи, денес ние ги прекинуваме нашите врски со СЗО и ќе ги пренасочиме средствата кон другите светски и итни потреби за јавно здравје што го заслужуваат тоа“, изјави Трамп.
САД се најголем финансиер на СЗО со околу 450 милиони долари годишно.
Ново на Сител
-
Костадинов: Струмичките пожарникари ќе бидат најплатени во државата, плата од 80.000 денари
-
Македонија за една деценија изгубила 30.000 ученици
-
Во земјотресот во Авганистан досега загинале повеќе од 1.400 лица, над 3.000 се повредени
-
ЗНМ и ССНМ: Потребно е целосно расветлување на сомнежите за прислушување на новинари
-
Родители се расправаат со негувател во Зоолошка додека со децата висат на заштитна ограда | ВИДЕО
-
Приведено 11-годишно дете од Куманово, го фатиле како краде од продавница
-
84-годишник тешко повреден откако малолетник со електричен тротинет удрил во него
-
На Табановце уапсени унгарец и србин, пренесувале кокаин, амфетамин, кетамин и МДМА таблети