Дука: Нема новозаразени, но нема ниту сомнителни случаи со Ковид-19
Епидемиолошката ситуација е стабилна, нема ново заразени а во Општата болница во Дебар нема ниту пациенти кои се јавуваат со сомнителни симптоми на Ковид-19,изјави на денеска градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.
Како проблем кој се јавува во градот,според Дука е градската депонија,каде според стручните лица,ноќта спроти недела беше подметнат пожар, во чие гаснење максимално беа ангажирани дебарските пожарникари и комуналци. Додаде дека во тек се активности за откривање на предизвикувачите на
пожарот,од чиј чад и смрдеа се гушеше целиот град.
-Друг проблем е водата за пиење, кој за мене е приоритет над приоритетите и се залагам за побрзо решавање на истиот. Привремено преземени се активности за откривање на диви приклучоци во водоводнета мрежа а со цел сите граѓани да имаат подеднакво вода за пиење воведена е рестрикција во
снабдувањето од 13:00 до 17:00 часот, рече Дука.
Тој информираше дека како општински Оперативен штаб, со кој раководи, досега распределиле хуманитарна помош на 1.000 семејства. Градоначалникот ги отфрли гласините дека распределбата е неправична и нагласи дека помошта се распределувала според список составен од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, општинската организација на Црвен крст и хуманитарни организации кои делуваат во градот,з а што постои и соодветна документација.
На крај повторно упати апел граѓаните кога излегуваат во град да носат заштитни маски и да ја почитуваат физичката дистанца.
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
