Спасовски: До крајот на неделава ќе се направат проценки дали е потребна нова вонредна состојба
До крајот на наеделата ќе се направи проценка, дали е потребно прогласување нова, трета вонредна состојба, рече денеска премиерот Оливер Спасовски.
Како што изјави Спасовски при посетата на трафостаницата на МЕПСО во Штип, ако се увиди дека има потреба, вонредна состојба повторно ќе се воведе.
-Ако е потребно тоа, ако се неопходни условите дека преку вонредна состојба полесно се справуваме со целата оваа ситуација, тогаш ќе носиме и таква одлука. Меѓутоа сега во овој момент немаме одлука во однос на тоа, вели Спасовски.
Прашан дали се очекува политичките партии на нова лидерска средба да договорот датум за избори, Спасовски одговори дека политичките партии треба да се договорат врз основа на она што значи позитивни законски прописи во државата.
-Вонредната состојба, прекинот на вонредната состојба и ни остануваат уште 22 дена до изборите и тоа е нешто што сите политичари треба да бидат и одговорни и разумни во овој дел. Очекувам да се поттикне дијалогот меѓу политичките партии. Затоа што денеска се разговара и се зборува за интерес на државата и граѓаните. Ако најголем интерес е државата и граѓаните, тогаш мислам на минимум треба да се сведат личните или партиските интереси и одлуките да ги носиме во интерес на граѓаните и државата, вели Спасовски.
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување