Заев: Нека е честит денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во свое лично име и од името на СДСМ упати честитка до граѓаните по повод 24 мај – денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.
„Со своето големо дело Светите браќа им го отворија патот на словенските народи, кон описменување, го поставија темелот на писменоста со што дадоа голем цивилизациски придонес.
Поради нивниот придонес, обединувачки пораки и мисии, ги славиме денеска ние, но, се слават и ширум светот, а веќе се дел од европското културно и духовно наследство.
Со нивната успешна борба за признавање на словенското писмо и јазик, Св.Кирил и Методиј го афирмираа правото на еднакво признавање на секој јазик, помогнаа за културно и духовно прогледување на многу народи ширум светот.
Во чест на Светите Кирил и Методиј стотици милиони луѓе ширум светот пишуваат на писмо именувано како кирилица, за чие ширење е најзаслужен нивниот најпознат ученик, Свети Климент Охридски, основоположникот на Охридската книжевна школа.
Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.“ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Ново на Сител
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-

Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност
-

Швајцарија без Џака во Скопје поради лажен сертификат за Ковид - 19 вакцина
