Семејството Стајиќ, сопственици и основачи на Gulf Oil во Македонија донираат 1 милион денари за семејството на Емилија Динева
Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата Gulf Oil во Македонија донираат 1 милион денари за семејството на трагично починатата Емилија Динева, чии органи беа донирани за да се спасат 3 други животи.
Минатата ноќ, беше направена првата успешна трансплантација на срце и беше спасен еден човечки живот, благодарение на хируршкиот тим на клиниката за кардиологија во Скопје, но пред се благодарение на семејството на Емилија Динева кои се согласија органите на Емилија, нивната мајка и сопруга, да бидат донирани на тројца кои имаа потреба од нив.
Трагична, емотивна и мотивирачка приказна која ја потресе целата јавност, а воедно и даде надеж на многу луѓе кои на еден или на друг начин се засегнати од приказната.
„Нашето семејство изразува длабоко сочувство до семејството Диневи и воедно им изразува огромна благодарност за хуманиот гест кој им овозможи на 3ца да ги продолжат своите животи. Можеме само да замислиме низ што поминуваат и се надеваме дека барем малку можеме да им помогнеме. Треба да се горди.“ – велат од семејството Стајиќ.
Воедно, се надеваат дека ова семејство ќе мотивира и други да го следат примерот и да продолжат да се спасуваат човечки животи, да се најде барем малку среќа во било која несреќа.
Ново на Сител
-
Пукање на семејна веселба во населбата Аеродром
-
На Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека околу 30 минути
-
Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет
-
Во иранскиот град Омдије измерени 49,6 степени, на Антарктикот- минус 74,2 степени
-
Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна, соопшти палестинското Министерство за здравство
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетово, приведено едно лице
-
Акциска контрола во винички угостителски објекти, приведено едно лице, затекнати и малолетници
-
Прифатено и второто обвиниение за Васев