Полицискиот синдикат бара од Чулев итни мерки за заштита на полицајците и 20 отсто поголема плата за март и април
Македонскиот полициски синдикат го повикува министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев веднаш да преземе засилени мерки и активности за заштита на полициските службеници на терен кои се секојдневно дирекно изложени на опасност од зараза со коронавирусот.
Синдикатот воедно апелира, министерот Чулев, следејќи го примерот со најавеното покачување на платата на најизложените здравствени работници во борбата против КОВИД-19, за 20 отсто за март и април да ја покачи платата и на полициските службеници кои исто така несебично вложуваат натчовечки напори да ја одржат ситуацијата со ширењето на заразата под контрола.
-Од денеска не смее да се дозволи ниту еден вработен во МВР да биде испратен на терен без соодветна заштитна маска, ракавици и средство за дезинфекција, бидејќи полициските службеници како никогаш до сега им се потребни на граѓаните. Итно бараме да бидат преземени минимум следните мерки и активности: преку службите за општи и заеднички работи до сите организациски единици во Министерството за внатрешни работи кои при вршењето на редовните работни задачи се во директен контакт со странки, редовно и навремено на колегите да им бидат доставени заштитни маски, гумени ракавици чие носење ќе биде задолжително и истите да бидат задолжувани при секое заминување на работа, пред сите поголеми ОЕ на МВР да се постават пунктови за дезинфекција на службените возила, како и да се врши вонредна дезинфекција на сите простории во кои престојуваат и работат колегите, наведува Синдикатот.
Македонскиот полициски синдикат апелира и до колегите максимално да се придружуваат до мерките за заштита од КОВИД-19.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Иран е способен да произведе нуклеарна бомба за „неколку недели“
-
Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски
-
Нови големи протести против Трамп закажани за средината на јули - „Во Америка, моќта му припаѓа на народот!“
-
Почнав со импровизиран салон од 8м2, денес имам 10 вработени | Октај Сејди | Sitel Podcast 098
-
Сè уште се чека одлуката на Трамп за евентуално вклучување на САД во конфликтот на Блиски Исток
-
На Табановце се чека 40 минути за влез, а на Богородица 30 минути за излез од земјата
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави