-->
-->
СЗО истражува за можна врска меѓу Ковид-19 и болеста Кавасаки кај децата
-->
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека ја испитува можната врска помеѓу Ковид-19 и болеста Кавасаки. Форма на заболување близу до болеста Кавасаки предизвика прв смртен случај на дете во Франција.
– Првичните хипотези се дека овој воспалителен синдром може да биде поврзан со Ковид-19, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
– Ги повикуваме сите медицински лица во светот да работат заедно со властите и со СЗО за да анализира подобро тој синдром кај децата. Од суштинско значење е итно да се проучат карактеристиките на синдромот со цел да се најде причинско-последична врска и да се презентираат третмани за лекување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Александар Николовски од УКИМ избран за претседавач на Националното студентско тело
-
Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија
-
WhatsApp воведува нова корисна промена
-
Најубаво куче на светот е авганистански ‘рт што доаѓа од Чиле
-
Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
-
ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга