Шекеринска: Во вонредна состојба без Собрание многу прашања остануваат отворени
Во вонредна состојба без Собрание многу прашања остануваат отворени. Како Влада покажавме дека не сакаме да бидеме Влада без демократска контрола, напротив дека посакуваме час поскоро да се вратиме во таа демократска нормала, ако животот, очигледно, треба подолго време да ни биде променет. Затоа, лидерската средба очекувам да ги отвори ама и да ги реши отворените прашања, затоа што како држава не смееме да си дозволиме премногу изгубено време.
Ова денеска го истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска при посетата на кумановската касарна, прашана за нејзините очекувања од средбата на лидерите на партиите кај претседателот Стево Пендаровски.
-Мислам дека тоа што се справивме со најтешкото во кризата, на ефикасен, брз и рационален начин ја зголеми довербата на граѓаните во својата држава и во нашите институции, особено во една област која претходно беше многу критикувана, тоа е здравствениот систем. Видовме дека имаме знаење, имаме професионалност и ако се потпреме на професионалците дека резултати има. Граѓаните сега ја очекуваат истата професионалност и ефикасност и од политичките лидери. Изморени се од одолговлекувањето на истите проблеми и сакаат да видат дека системите функционираат. Цел свет живее во променети околности, јасно ни е дека оваа епидемија сега го помина пикот и покажавме и успеваме да го симнеме пикот да не ни се случат сликите кои ги гледавме од Италија или од Шпанија, истакна Шекеринска.
Ново на Сител
-
Врховниот суд на САД ја одобри забраната на Трамп за трансродови лица во војската
-
Индија го нападна Пакистан
-
Одбележување на Денот на македонската полиција
-
Без вода дел од булеварот „Јане Сандански“
-
Мерц побара од администрацијата на Трамп да се држи понастрана од германската политика
-
Делови од Центар, Кисела Вода и Карпош денеска без струја
-
Денеска почнува конклавата за избор на нов папа
-
Европратениците претпладнево ќе гласаат за извештајот за Србија