Спор на Србија со ЕУ и Хрватска околу тоа чиj е Никола Тесла
Српскиот министер за култура и информирање Владан Вукосављевиќ, реагираше денеска по повод податоците за Никола Тесла на веб-страницата на Европската унија, изјавувајќи дека станува збор за „безброј пати повторен фалсификат“, јави дописникот на МИА од Белград.
-Во врска со информациите дека на официјалната интернет презентација на Европската унија, во таканаречениот агол за учење се наоѓа податокот дека Никола Тесла е познат Хрват, со жалење констатирам дека се работи за веќе безброј пати повторуван фалсификат, кој упорно се вметнува од одредени кругови во Хрватска, со цел бесрамно присвојување и хрватизирање на српскиот културен и историски идентитет, наведе Вукосављвиќ во соопштението на министерството за култура и информирање.
Тој додаде дека му е особено жал што тоа се наоѓа на официјалната веб-страница на ЕУ, која, како што вели, „барем декларативно се залага за вистински историски погледи и политика на разбирање и взаемно почитување меѓу државите и народите во Европа“.
-Се надевам дека со извинување до српскиот народ, оваа непримерна грешка ќе биде исправена без одложување и дека ќе се создадат услови историските фалсификати никогаш повеќе да не се појават на официјалните интернет страници на ЕУ, наменети за образование на луѓе од сите возрасти, кажа српскиот министер за култура.
Во Википедија на српски јазик за Никола Тесла стои дека тој е српски и американски пронаоѓач, инженер за електротехника и машинство и футуристист, најпознат по неговиот придонес во проектирањето на модерен систем за напојување со наизменична струја
Во хрватската Википедија стои дека тој бил хрватски и американски електроинженер и пронаоѓач со српско потекло од Хрватска, роден во Лика, образован во Карловац, а работел скоро целиот живот во САД, каде ги направил сите свои пронајдоци.
Ново на Сител
-

Викендов сончево и потопло, од вторник нестабилно со пониски температури и дожд
-

Европска престолнина на културата 2028: Обликување на иднината на Скопје
-

Уапсен 27-годишен стружанец, пронајдени 41 паковка со марихуана
-

Одложување на примената на ЕЕС-системот на грчките граници за македонските државјани во летната сезона бара Туристичката комора на ССКМ
-

Нафтата поскапува трет ден последователно, берзите вознемирени поради кревкото примирје на Блискиот Исток
-

За една година удвоен бројот веб-страници што продаваат материјали со сексуална злоупотреба на деца
-

Продолжен куќниот притвор на Артан Груби
-

Специјалниот претставник на Трамп, Зампаоли предложи Иран да се замени со Италија на СП 2026
