Онлајн заканите кон новинари зачестени, институциите да реагираат

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги осудува онлајн нападите и заканите на социјалните мрежи врз колегата Мишко Иванов, како и зачестените напади врз други новинари и новинарки. По тој повод ССНМ апелира до сите новинари и медиумски работници сите овие напади, закани, онлајн малтретирање и слично да ги пријавуваат до органите на прогонот и соодветните институции, иако со жалење констатираме дека МВР овие закани не ги сфаќа сериозно и по нив не постапува според своите законски овластувања. Институциите треба постојано да реагираат и да ги санкционираат ваквите појави бидејќи решавањето на случајот со нападите врз две новинарки од страна на Емил Јакимовски не смее да остане единствен.
Во таа смисла, ССНМ ги повикува сите новинари и медиумски работници, да ги пријавуваат заканите и нападите во Синдикатот, преку пораки на Фејсбук страната или на електронската пошта ssnm.info@gmail.com. ССНМ ќе го документира секој случај и ќе преземе соодветни мерки, инсистирајќи до соодветните институции да ги преземат мерките што им стојат на располагање и истовремено информирајќи ги меѓународните институции за состојбата со нападите врз новинарите.
Состојбата со нападите врз новинарите што професионално и чесно си ја вршат својата работа е неодржлива и таа уште веднаш мора да се смени. ССНМ смета дека нема објективно и професионално новинарство доколку новинарите и медиумските работници работат под притисок на закани и напади. Само со јавен притисок кон институциите, но и јавно обелоденување на оваа појава со цел кревање на свеста на јавноста, како и заедничка реакција, може да придонесе за намалување на нападите, заканите и онлајн малтретирањето на нашите колеги.
Ново на Сител
-

Орбан: Можен договор меѓу САД и Русија без Европа би можел да ја промени геополитичката слика
-

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника
-

Ердоган: Турција нема да толерира провокации и поморски закани во Источен Медитеран
-

Си Џинпинг во новогодишната порака го пофали напредокот на Кина и навести потенцијално присоединување на Тајван
-

Путин уверен во победата во Украина во својата новогодишна порака
-

Андоновски: Во 2025-та испорачавме, а во 2026-та ја забрзуваме дигиталната траснформација на Македонија
-

Сиљановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје
-

Повеќе од 24 часа во целосен прекин сообраќајот Струга – граничен премин „Ќафасан“
