Велосипедистите немаат обврска да носат заштитна маска
![]()
Заштитната опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, (но со задолжително одржување на дистанца од два метри растојание), соопшти Министерството за здравство.
Маски и ракавици не мора да носат ниту граѓаните кои патуваат во моторно возило со лица кои заедно живеат, но и ако се наоѓаат на отворено каде може да одржуваат дистанца од два метри.
Инаку, Министерството за здравство потсети дека од денеска се казнува непочитувањето на Уредбата за носење на заштитна опрема. За таа цел предвидени се казни во висина од 20 евра во денарска противвредност за физичките лица, а за компаниите каде не се почитуваат мерките за носење заштитна опрема за вработените и посетителите, предвидена е казна од 2.000 евра во денарска противвредност.
Задолжителното е носење заштитна опрема (маска, марама или шал) на устата и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.
Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните.
Ново на Сител
-

Победата на демократите ги потресе светските берзи
-

Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, приведено едно лице
-

„Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе лета на релација Дубаи - Скопје
-

Од 5 ноември исплата на средства за клиентите на АЛТА банка без платежни картички во Битола
-

Притвор од 30 дена за Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“
-

Најмногу дожд во Кавадарци – 15 литри на метар квадратен, најстудено утрово на Попова Шапка
-

Трамп им честиташе на демократите по поразот на републиканците на меѓуизборите во САД
-

Европската комисија ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година
