Во Дебар петнаесетти ден нема новозаразени од „Ковид-19“
Во Дебар и во последното деноноќие, или петнаесето по ред нема новодијагностицирани со „Ковид-19“, потврдуваат официјалните податоци.
Тоа значи значи дека вкупниот број на заразени останува 51, од нив две лица од општина Центар Жупа.
– Од вкупно заболените 46 се оздравени, за жал, четири лица се починати, од нив три од Дебар и едно од Центар Жупа. Се уште како заболено се води само уште едно лице кое се лекува во домашни услови. Првиот контролен тест кај него е негативен, а денеска се очекува да биде земен и вториот контролен тест. Во самоизолација се седум лица, изјави градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот оперативен штаб.
Информираше дека во последното деноноќие безбедносната состојба е стабилна, не се регистрирани непочитувања на одлуката за забрана за движење, не се евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.
Дука искажа голема благодарност до сите поединци, компании и здруженија за хиуманитарната помош што ја донираат, која како што рече, се распределува без никаков проблем на семејства кои се нашле во потреба од помош.
Ново на Сител
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф