Бизнис
30. April 2020 - 14:22

Драстичен пад на вработените во индустријата

За 4,5 проценти намален бројот на работници во индустријата во март годинава во споредба со март лани, покажува статистиката. Најголем пад е регистриран во преработувчаката индустрија од 4, 8 проценти, потоа во рударството и во секторот снабдување со електрична енергија гас и климатизација.

Паралелно минатиот месец е регистриран пад на индсутриското прозводство од 13,4 проценти во споредба со истиот период лани.

Главно поради намалувањето на производството на пијалоци, тутун, текстил метали, електрична енергија.

Од „ФајнансТинк“  сметаат дека и со измените на условите во мерката за финансиска подршка кои ги направи Владата дополнително ќе се отвори простор за намалување на бројот на работници. Од таму апелираат дека е потребно да се доосмислат условите за користење на мерките за помош.

Мерката да се доомисли, со допуштање намален број работници по нејзиното користење само во случаи на пензионирање на работник, смрт на работник, отказ на договорот за вработување од страна на вработениот (член 79 од Законот за работни односи), отказ на договорот за вработување од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски без отказен рок (член 82 од ЗРО, документирано во дисциплинска постапка), спогодбено преземање работник(ци) кај друг работодавач, престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда (член 102 од ЗРО), престанување на важноста на договорот за вработување поради трајна неспособност за работа (член 103 од ЗРО), порачуваат од организацијата.

Од финансии пак тврдат дека станува збор за недоразбирање. Од таму објаснуваат дека за да можат компаниите да аплицираат за мерките за помош мора да го имаат бројот на вработени од март.

Вчера од Владата соопштија дека со измени во условите за добивање на финасиска подршка се овозможува  да аплицираат сите фирми, од сите дејности, со што не мора да го задржат постоечкиот број вработени, односно можат да отпушат најмногу 15% во зависност од големината на компанијата. Втората промена е што најпогодените сектори – туризам, угостителство и транспортот ќе можат да користат и минимална плата и 50% субвенција за плаќање придонеси и последната новина е што парите не мора да се враќаат, под одредени критериуми.