-->
-->
За Баркли Џордан е пред сите
-->
Чарлс Баркли во 1993 година беше прогласен за МВП на лигата. Својата листа на најдобри кошаркари на сите времиња
Баркли ја соопшти во третата епизода од емисијата „На кафе со Кал“ која ја води легендарниот тернер на Кентаки, Џон Калипари.
Според него, Мајкл Џордан е најдобриот на сите времиња.
„По денешните критериуми за игра, Леброн не би сакал да игра против `Бед бојс`, (Детроит Пистонс). Тие момци играа валкано и играа за да го повредат противникот. Секогаш им велам на луѓето дека кога играте против Пистонс, мора да го викнете семејството и да им кажете дека ги сакате, во случај веќе да не ги видите“ – објасни Баркли.
Во неговиот избор, по Џордан се Оскар Робертсон, Карим Абдул-Џабар, Бил Расел и Вилт Чембрлен.
Коби Брајант е на шестата позиција, Леброн Џејмс е седми, а Елџин Бејлор е осми. На деветтата позиција на листата на Баркли се најде Џери Вест, додека десеттата позиција остана празна, во неговиот избор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи