Македонија
21. April 2020 - 14:22

Вртоглавиот пад на нафтата во САД нема да влијае на цената во земјава

Откако граѓаните се израдуваа на најавата дека цената на американската нафта драстично падна и  отиде во минус, од регулаторна објаснуваат дека ваквиот пад нема  влијане на  домашните цени  на гориавта и дека тие зависат од тоа какви се случувањата на европскиот пазар. Појаснуваат дека падот  на американската нафта главно се должи на намалената побарувачка.

И на домашниот пазар побарувачката на нафта е намалена  до 40 проценти, но од регулаторна не очекуваат влошување на состојбата со што би можело да дојде до прекин на производството.

Цената на американста  нафта вчера за прв пат отиде во минус поради кризата со вирусот. Со испораката во мај цената прво падна на 0, а потоа се спушти на минус 37,6 долари за барел. Додека на почетокот на годинава  изнесуваше околу 60 долари за барел.

И кај бренд нафтата на европкисот пазар според која  најчесто се формираат цените на македонскиот пазар има намалување. До вчера цената беше 27 долари за барел, а денеска падна на 20 долари за барел