37 нови случаи на Ковид-19, починаа 2 лица, оздравени се 15 пациенти
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 15 излекувани пациенти, 6 пациенти од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови.
Починати се двајца пациенти, позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети.
Во изминатите 24 часа потврдени се 37 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје-8, Куманово-9, Прилеп-5, Тетово-3, Велес-3, Охрид-8, Кочани-1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1207, а последната дистрибуција по градови е:
Скопје – 409
Куманово - 329
Дебар – 51
Штип-32
Прилеп –117
Тетово – 55
Струга – 55
Велес – 58
Битола –17
Охрид –15
Кавадарци - 4
Гостивар –12
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-4
Радовиш - 4
Крушево – 3
Кочани – 27
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -2
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Во изминатото деноноќие направени се 314 теста. Преку ИЈЗ –222, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –3, Биотек –27, Филип Втори (Жан Митрев) – 17 и Систина со PCR метода - 45 . Досега во земјата се направени вкупно 11870 тестирања на ковид -19.
На Инфективната клиника во Скопје, примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 55, од кои 17 се на кислородна поддршка, а 5 се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно се хоспитализирани 34 пациенти, 7 пациенти се приклучени на респираторна машина. Од болницата со дозвола на ДЗСИ се испишани 3 пациенти, се уште позитивни, но во општа добра состојба кои продолжуваат со лекување во домашни услови, под постојан лекарски надзор и редовни контролни брисеви.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, од нив 3 се на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат уште 15 пациенти.
Во штипската болница во мометов се лекуваат 5 ковид позитивни пациенти, испишано е едно четиричлено семејство. Нивните први контролни брисеви се негативни, а пациентите се во општа добра состојба. До вториот негативен контролен брис, пациентите ќе бидат под редовен лекарски надзор. Преку болницата во Штип се следат уште 20 пациенти кои се лекуваат во домашни услови.
Ново на Сител
-

Од бостан, пиперки и лозје заработивме 350.000 евра, продававме и во Горни Милановац – сведочеше мајката на судијата Ѓоко Ристов
-

Мајка на три сина сакала девојче, останала бремена со тројка – сите три бебиња се од машки пол
-

Муцунски во Софија за Коридорот 8 и нова шанса за деблокада на европскиот пат
-

43 години копале со раце: Извадиле речиси три тони дијаманти, а зад себе оставиле кратер длабок над 200 метри
-

МВР го пронајде и казни возачот кој блокираше сообраќај во центарот на Скопје
-

Денеска средба Муцунски - Петрова во Софија
-

Трамп: Заслужувам Нобелова награда за мир, но се сомневам дека ќе ја добијам
-

Македонија над европскиот просек: Кај нас има повеќе работоспособни луѓе отколку во ЕУ
