Откриeни дрвокрадци на Беласица среде полициски час

Група дрвокрадци е откриена вчера на врв на планината Беласица во местото „Свидовска крстосница“, каде на две различни локации на оддалеченост од неколку стотина метри вршеле недозволена сеча на шумата, информираат од струмичката Шумска полиција.
– За време на контролата дел од групата побегнала, додека две лица се фатени и против нив се поднесени кривични пријави. Од страна на шумските полицајци одземени се и околу 15 кубни метри дабово дрво, се додава во информацијата.
Од Шумската полиција откриваат дека дрвокрадството е зачестено, посебно откако почнала примената на посебните мерки за движење поради пандемијата со коронавирусот. За околу еден месец полицијата поднела 20 прекршочни пријави, одземени се неколку возила и поголема количина дрвна маса.
Од Шумската полиција најавуваат интензивни контроли и во наредниот период и ги предупредуваат граѓаните дека секој што ќе биде фатен во нелегална сеча ќе биде санкциониран.
Ново на Сител
-

Путин: Мировниот план на САД може да биде основа за мир во Украина
-

Трамп сака Украина да го прифати мировниот договор до четврток
-

Перински: Отворен Јавен повик за креирање на база на висококвалификувани експерти во Ресурсниот центар
-

Српски државјанин осомничен за тешка сообраќајна несреќа со смртни последици кај Валандово
-

Драматично обраќање на Зеленски: Ова се најтешките моменти во нашата историја
-

Поплави во Ресенско, над 50 куќи и земјоделски површини под вода по излевањето на реките
-

Зголемено количеството на превезената стока во товарниот патен превоз
-

Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани за случајот со родилката од Дебар
