МЗ: Има доволно заштитна опрема за медицинските лица во здравствените установи

Министерството за здравство демантира дека има недостиг на заштитна опрема за медицинските лица во здравствените установи и повторува дека опрема има доволно во резервите на Министерството кои се доставуваат на редовна основа по барање на секоја здравствена установа.
– Заради проверка на користењето на заштитната опрема од страна на Министерството за здравство беше инициран и инспекциски надзор кој е спроведен од 30 март до 5 април во 79 јавно-здравствени установи и во 12 во приватни установи. Направен е увид во однос на опременоста, количината на заштитни маски, ракавици, капи, мантили за еднократна употреба, визири и калјачи, сè што се користи за пристап кон пациенти на соодветно ниво на здравствена заштита. Констатирани се доволни количини, како и средства за дезинфекција на работни површини и дезинфициенци за раце, соопштува МЗ.
Во соопштението се додава дека при инспекциските надзори од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат не се констатирани неправилности по однос на користење на личната заштитна опрема од страна на здравствениот персонал.
Дополнително на опремата која ја има Министерството за здравство, добиени се донации во заштитна опрема и тоа во големи количини – повеќе од еден милион парчиња заштитна опрема од различен вид.
Дополнително во тек е набавка за дополнување на овие количини за што е распишана покана за јавна набавка објавена на веб страницата на Министерството за здравство и тоа за: 12.000 маски N95 или сличен стандард, 20.000 скафандери, 500.000 хируршки маски, 5.000 визири и 1.200 гумени скафандери.
– Здравството и здравствените работници се клучниот столб во државата и го носат најголемиот товар за да му помогнат на населението, и токму затоа треба да внимаваат и на себе, а Министерството за здравство обезбедува заштитна опрема за јавно здравствените установи и продолжува да го прави тоа во континуитет. Министерството обезбеди заштитна опрема и за матичните лекари кои ги вклучи во системот на детекција и следење на пациенти заболени од коронавирусот, стои во соопштението на МЗ.
Ново на Сител
-

Koшта: Проширувањето на ЕУ служи за зајакнување на Европа, како отпорна економска сила и сила за мир
-

Измамници ја користат видео играта GTA VI за да крадат пари и податоци од гејмерите
-

Побаран притвор за охриѓанецот кој ја претепа својата девојка - се товари за три кривични дела
-

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата
-

Попладнево повторно приведен Корабоски – нови околности во случајот
-

Чеферин гостин на Омерагиќ, заедно ќе го следат дуелот Македонија – Словенија
-

МФ: Јавниот долг во 2027, во согласност со ревидираните податоци за БДП, нема да го надмине прагот од 60%
-

Родителите со две ќерки се најсреќни, покажува научна студија на речиси 50.000 луѓе
