Неколку десетици убиени и ранети во талибанскиот напад врз аеродромот во Кандахар

Најмалку 37 цивили и авганистански војници се убиени, а 35 се ранети во синоќешниот напад на талибанските борци врз аеродромот во Кандахар, информира авганистанското Министерство за одбрана, цитирано од британските медиуми.
Во нападот, исто така, загинаа и деветмина талибанци, додека еден е ранет. Последниот преживеан талибанец и натаму им дава отпор на авганистанските сили за безбедност, се додава во соопштението на министерството.
Локалните власти изјавија дека талибанците синоќа нападнале периферен дел од огромниот и силно обезбеден аеродромски комплекс, откако првично зазеле позиции во училиште во станбениот дел на објектот, што вклучува како цивилен аеродром, така и воена база.
Нападот се совпадна со почетокот на регионалната безбедносна конференција во Исламабад, на која авганистанскиот претседател Ашраф Гани упати повик за поголема регионална помош во битката со исламските бунтовници, посочувата британските медиуми.
Ново на Сител
-

Уставниот суд поведе постапка за забраната на извршување врз предмети и права на државни органи
-

Системот „Безбеден град“ утре ќе се тестира во Тетово
-

МФ: „Стандард и Пурс“ го потврдија кредитниот рејтинг ‘ББ-, силен сигнал за доверба во економските политики, растот и фискалната стабилност
-

Филков: Се уште немаме номинации од Собрание за работната група за Изборниот законик
-

Сибиха: Путин цинично наредил напад врз Украина за време на преговорите во Абу Даби
-

„Сапорт Кочани“: Во третата распредалба донирани над три милиони денари
-

Алиу: Примарната цел на законот е да ги превенира штетните последици од пушењето, а не да се казнува
-

МОН: Честит Меѓународен ден на образованието
