Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.521.030 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 88.563, а оздравеле 331.132 луѓе.
– Бразилскиот министер за здравство Луис Енрике Мандета објави дека обидите на Бразил да се здобијат со медицинска опрема од Кина за борба против коронавирусот не успеале и дека земјата ќе се сврти кон сопственото производство на респиратори.
– Кинескиот претседател Си Џинпинг предупреди за нов бран на инфекција со коронавирусот во земјата. Иако епидемијата во Кина е под контрола на прв поглед, се повеќе се појавуваат асимптоматски случаи. За само неколку дена, беа регистрирани околу илјада.
– Во два големи индиски града, Њу Делхи и Мумбај, од вчера е задолжително да се носат заштитни маски во јавност.
– Јужна Кореја забележа најголем дневен пораст на бројот на потврдени случаи на Ковид-19 за повеќе од шест недели, односно од 20 февруари. Во последните 24 часа има регистрирано 39 нови случаи на инфекција во таа земја.
– Повеќе од еден милион тестови за вирусот Ковид-19 се извршени во Русија, соопштија властите. Во Русија, 8.672 лица се заразени Ковид-19, додека 171.000 се под медицински надзор. Досега 63 лица починаа од вирусот.
– Задолжителен карантин за лица кои влегуваат во земјава од странство ќе стапи на сила утре во Германија. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, сите лица кои доаѓаат од странство ќе мораат да се стават во карантин две недели. Во случај на непочитување на карантин, тие се соочуваат со казна од 150 до 25.000 евра.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
