Во Дебар се намалува бројот на лицата во домашна изолација, а четири дена нема новозаразени
Официјалните податоци потврдуваат дека во Дебар четири дена нема новозаразени од „Ковид-19“, а се намалува и бројот на лицата во домашна изолација.
– До сега тестирани се 265 сомнителни случаи на „Ковид19“, од нив 49 се позитивни, излекувани се 16, од кои 13 се лекуваа во Клиникатата за Инфективни болести во Скопје, додека тројца беа на домашно лекување. За жал од Ковид-19 починаа четири лица. На домашно лекување се уште 29 лица, додека во домашна изолација 70 лица, рече на денешната прес – конференција градоначалникот Хекуран Дука,кој раководи и со општинскот Оперативен штаб.
Дука додаде дека безбедносната состојба е стабилна, не се регистрирани непочитувања на одлуката за забрана за движење, а информираше и за новата одлука за времетраењето на полицискиот час.
-Хуманитарната помош која пристигна од многу организации, здруженија, бизнисмени и поединци продолжува да се распределува врз основа на списокот изготвен од општинскиот Оперативен штаб, хуманитарните здруженија, Црвен крст и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа. До сега распределена е помош за над 500 семејства во општината, која се состои главно во прехранбени производи и средства за одржување на хигената, рече градоначалникот.
Дука, кој е од фелата на белите мантили, специјалист уролог и покрај големата ангажираност како татко на градот, а и прв човек на Оперативниот штаб, продолжува да биде во служба на здравјето на граѓаните.
Тој на седница на Оперативниот штаб денеска дојде од ноќно дежурство во Општата болница во Дебар, што како обврска на лекар ја прави поради состојбата и потребата од поголем број лекари.
Го честиташе 7 април, денот на белите мантили со порака дека ќе биде извојувана и оваа битка.
-Верувајте ни, ние сме во служба на вашето здравје. Вие останете дома. Заедно ќе ја извојуваме оваа битка, порача Дука.
Ново на Сител
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350