Нови пет случаи со коронавирус во Косово, вкупно 140 заразени

Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) информира дека вчера се потврдени нови пет случаи кои, од извршените испитувања во текот на денот, резултирале позитивни на Ковид-19, со што официјалната бројка на заразени со новиот вирус во земјата достигна до 140, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според синоќешното соопштение на ИШПК, во саботата се тестирани примероците на 128 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на вирусот, а вкупната бројка на тестирани од 8 февруари, заклучно со вчера изнесува 1.871.
Сите нови случаи се заразени од контакти со лица кај кои претходно е потврдено присуството на вирусот, двајца од нив се од исто село во општина Малишево, а по еден од Приштина, Вучитрн и од карантин во кој се сместени лицата кои се вратени од странство по воведувањето на мерката за нивна 14-дневна изолација.
Вчера се потврдени како излечени и седум нови случаи кај кои претходно било потврдено присуството на Ковид-19, со што вкупната бројка на лица кои од појавата на првите заразени, на 13 март, се излечени достигна до 23. Во истиот период е забележан и еден смртен случај како последица на епидемијата.
Ново на Сител
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
-

Романо: Мурињо и Реал се договорија
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
