Жител на тетовски Пирок повредил полицаец, оштетил полициски возила и наплатна рампа
Триесет и тригодишник од тетовски Пирок е уапсен по бркотница со полицијата за време на полициски час која почна во Гостиварско, а завршила во тетовско Сиричино. При тоа 33 годишникот повредил полицаец, оштетил полициски возила и наплатна рампа.
– М.А (33) од тетовски Пирок управувајќи патничко возило „фолксфаген пасат“ со германски регистарски ознаки, во кое подоцна се откриени остатоци од бела прашкаста материја, најпрво не застанал на полициски знак во гостиварска Топлица и Врапчиште и продолжил да бега. Во еден момент, враќајќи се наназад, со возилото удрил во полициски службеник и го повредил, соопшти СВР Тетово.
Тој продолжил да бега по автопатот Гостивар – Тетово.
– Ја оштетил наплатната рампа, се упатил кон тетовско Желино и по локалниот пат за Сиричино, а попатно удрил и оштетил и две службени возила на МВР. Во знак на предупредување да застане, полициските службеници испукале неколку проектили. Потоа во тетовско Сиричино, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода, информира тетовската полиција.
Лицето е приведен во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му бидат изготвени поднесоци за неколку кривични дела.
Ново на Сител
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска
-
Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка
-
Притвор за скопјанец, пронајден е кокаин
-
Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина по пожарот во Визбегово
-
Лишени од слобода возачи во Македонски Брод и Македонска Каменица, управувале возила под дејство на алкохол
-
Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите
-
Индиректните преговори за прекин на огнот во Газа попречени од израелскиот план за повлекување
-
Синот на нарко-босот Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна