Заев: Донесени се важни одлуки, државата ги спасува работните места на граѓаните

Донесени се важни одлуки, државата ги спасува работните места на граѓаните. Драго ми е што денеска Владата на Македонија прифати и усвои голем дел од економските мерки што ги предложивме јас и економскиот тим на СДСМ, но и донесе дополнителни мерки, напиша на неговиот Фејсбук профил лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Тој наведе тоа се сериозни чекори кои ќе значат зачувување на работните места на граѓани во фирмите погодени од кризата со корона вирусот, мерки што ќе значат гарантиран приход кај секој работник додека трае кризата.
– Ова се мерки вредни 200 милиони евра, мерки на солидарност, на меѓусебно помагање во тешки ситуации, ова се мерки за помош на секое семејство, мерки за помали трошоци на секое домаќинство додека трае кризата. Денес, сите ние поединци, целото нашето општество, нашата економија, сите сме ставени пред важен тест. Тој тест ќе го положиме само ако сме солидарни, ако си помагаме еден на друг. Само така ќе излеземе победници од овој здравствен и економски предизвик, истакна Заев.
Тој посочи дека сите сме заедно во оваа криза и само заедно ќе излеземе од неа. Заедно ќе ги пребродиме последиците, а потоа заедно ќе продолжиме кон развојот и напредокот.
Ново на Сител
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
-

Од утре повторно температури над просекот и повремен дожд
-

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал американска воена база во Бахреин
-

Утрово најстудено во Лазарополе, најтопло во Охрид и Претор
-

„СпејсИкс“ за првпат успешно го прифати горниот сегмент на ракетниот систем „Старшип“
-

Макрон повика на единство и консензус на Самитот на Франкофонијата во Пном Пен
