Филипче: Пет лица од Клиниката за кожни болести се позитивни на коронавирус

Пет од 29-те нови регистрирани случаи позитивни на коронавирусот се лица поврзани со заболената поранешна директорка на Клиника за кожни болести. Тие се асимтоматски, без симптоми на заболување, но нивните тестови за коронавирусот се позитивни. Лицата биле и ќе останат во домашна изолација, и ќе бидат во контакт со лекари од Инфективната клиника.
Како што појасни министерот за здравство Венко Филипче, од вкупниот број лица поврзани со директорката, кои се во самоизолација, тестирани биле триесеттина, а позитивни биле само петте споменати. Во наредниот период, додаде министерот, ќе бидат тестирани и останатите лица.
-Од 29-те нови случаи пет се од Кожната клиника кои по 16 дена поминати во изолација се без никакви симтоми, но на направените контролни тестови, со оглед дека помина инкубацискиот период, тие имаат позитивен резултат. Лицата се во добра здравствена состојба, асимптоматски се, ќе останат во домашна самоизолација и согласно нивната состојба во интензивна комуникација со колегите од инфективната клиника, рече министерот за здравство.
Според него, добро е што дел од новодијагностираните случаи се откриваат во рана фаза, заради тоа што, како што рече, тоа значи дека здравствениот систем може да ја амортизаира бројката на пациенти. Апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките, бидејќи, како што потенцира, од сите искуства од другите земји и од студии може да се види дека, покрај епидемиолошките анкети тестирањето кога ќе помине инкубацискиот период, најдоброто што може да се направи е почитување на самоизолацијата и прекин на социјалните контакти.
Министерот Филипче најави дека викендов или кон почетокот на следната недела ќе биде објавена детална статистика што досега се случува со бројот на пациенти, јасно ќе бидат прикажани дијаграмите и бројките, но очекувањата со можен процент на грешка, согласно анализата на епидемиолозите.
Министерот Филипче рече и дека на Инфективната клиника пред два дена се направени и контролни тестови на четворица пациенти кои долго време се лекуваат таму и оти тие се негативни. Од четворицата, додаде министерот, тројца се во значајно добра состојба и кај сите ќе биде земен контролен брис во текот на следниот ден. Ако тој биде негативен, според Филипче, тројцата ќе се упатат на домашно лекување.
-Нивната состојба постепено се подобруваше и согласно сегашните наоди на белите дробови, клиничкиот статус, согласно тестовите исклучително се мали шансите во оваа фаза на лекување да дојде до компликација или влошување, рече министерот за здравство.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупниот број заболени изнесува 177 лица.
Ново на Сител
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
-

Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата
