Хекуран Дука: Се надеваме дека ќе слушаме само добри вести
Според официјалните податоци состојбата со корнавирусот во општина Дебар почнува да се стабилзира. Се надеваме дека ќе слушаме само добри вести, оцени градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука кој раководи со општинскиот оперативен штаб.
Посочи дека вчера не е регисгитриран ниту еден случај, а денеска еден, со што вкупната бројка на заразени изнесува 41 (еден починат). Во Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се 13 додека 27 се на домашно лекување. Во домашна излоација се 199 лица.
– Безбедносната сосотојба е многу добра, одлична. Во текот на ноќта не е регистриран ниту еден случај на прекршување на полицискиот час. Ги замолувам граѓаните строго да ги почитуваат сите мерки и препорак на надлежните,зашто само така ќе може да ја надминеме оваа ситуација, рече Дука.
Упати апел до сите граѓани кои имаат симптоми на коронавирус или грип да се јават на телефоните на нивните матични лекари кои ќе проценат дали треба да се направи тест за коронавирус.
-Уште еднаш ги замолувам граѓаните да ги подмируваат сметките за потрошена вода и подигнат смет бидејќи вработените на ЈКП„Стандард“ кои се во првата борбена линија во оваа состојба, зависат токму од наплатата,изјави Дука.
Исто така побара од граѓаните и сите субјекти да ги следат објавите на Фејсбук на Оператвниот штаб и на општината каде се објавуваат многу важни информации.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера