Укинати царините за 13 медицински производи, следи намалување на царините за прехранбената индустрија
Владата на предлог на Министерството за економија стопроцентно ги укина царинските давачки за 13 медицински производи, кои се се увезуваат како потрошен медицински материјал. Укинувањето на царинската стапка за овие стоки ќе важи до завршувањето на вонредната состојба поради корона виирусот, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
– Вчера и предложивме на Владата, а таа усвои да се тргнат царинските стапки за 13 медицински производи, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.
Тој прецизира дека се укинуваат царините за етил алкохол со 80 и повеќе отстот на содржина на алкохол, етил алкохол и други алкохоли ненатурирани, сапуни за тоалетна употреба, други сапуни, производи и препарати за миење на кожа во форма на течност или крем и приготвени за продажба на мало со или без содржина на сапун, детергенти, препарати за перење или препарати за чистење, пластична облека и прибор за облека, текситлни драпери кои се употребуваат при хируршки процедури, пластични маски со текстилен филтер, како и очила со стакла од пластични маси.
– Владата на вчерашната седница донесе одлука да се замрзнат и цените за потрошен медицински материјал и медицинска опрема и апарати на цената која била утврдена на 11 март 2020 година кога СЗО прогласи пандемија на корона вирусот. Цените ќе се применуваат до 30 април 2020 година, рече Бектеши.
Нагласи дека целта на оваа мерка е да се вратат цените на маските, ракавиците и друг медицински материјал и опрема кои, како што кажа, во изминатите неколку дена пораснаа за неколку пати поради зголемената побарувачка од граѓаните како средства за основна заштита од Ковид 19.
Најави дека ќе се донесат дополнителни мерки во делот на намалување на царините на барање на компаниите од месната и прехранбената индустрија со цел намалување на цените и овозможување непречено работење на оваа индустрија и увоз на репроматеријалите кои им се потребни.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија