Да не подлегнуваме на страв и паника – стресот го инхибира имунолошкиот систем
Граѓаните не треба да се плашат. Природата се погрижила имунолошкиот систем да биде способен соодветно да одговори кон сите досега познати антигени, па дури и кон сите оние што допрва ќе се создадат во иднина. Само треба да му се остави доволно време тоа да го направи, како и малку да му се потпомогне, вели за МИА имунологот д-р Дејан Трајков, професор на Медицинскиот факултет – Скопје во врска со коронавирусот.
-Единствената разлика меѓу сите нас е во тоа што времето потребно имунолошкиот систем да го покаже својот максимален ефект е индивидуално и различно. Ние сега можеме да му помогнеме само со консумација на одредени минерали и витамини. Нивниот вид и концентрација зависи од претходната физичка и психичка состојба на организмот, што е повторно индивидуално. Секако, што е исто така многу важно, во никој случај не треба да се наруши невро-ендокрино-имунолошката оска која постои во нашиот организам. Со други зборови, не треба да подлегнуваме на никаков страв и паника, бидејќи стресот кој при тоа се јавува веднаш ќе доведе до инхибиција на имунолошкиот систем и неможност на организмот благовремено да се одбрани. За тоа воопшто и нема причина, нагласува д-р Трајков.
Според него, одморот и сонот, кои сега ни се потребни во поголем обем, а кои ни се овозможени со подолгиот престој во домовите поради изолацијата, се едни од битните чинители кои исто така ќе му помогнат и ќе овозможат правилна функција на имунолошкиот систем.
-Министерството за здравство и здравствените работници досега ги имаат преземено сите соодветни здравствени мерки, правовремено и во доволен обем, за да му овозможат на имунолошкиот систем навреме да се разбуди и да ја изврши својата должност, оценува проф. д-р Трајков од Медицинскиот факултет во Скопје.
Ново на Сител
-
Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот
-
Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП 2027
-
Мерц: ЕУ ќе воведе построги санкции кон Русија доколку неделава во Истанбул нема напредок во преговорите
-
Рјабков: Русија и Украина би можеле во Истанбул да разговараат за одржлив мир
-
Сакајте се така ќе ги сакате и другите | Даниел Трбогазов | Личен развој |Sitel Podcast 094
-
Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене
-
Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра
-
Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите