Свет
18. March 2020 - 14:43

УНЕСКО: Над 850 милиони деца во светот без училишна настава поради Ковид-19

Повеќе од 850 милиони млади луѓе или речиси половина од учениците и студентите во светот го прекинаа образовниот процес и наставата поради пандемијата од новиот коронавирус, соопшти Oрганизација за oбразование, наука и култура на ОН (УНЕСКО).

Оценувајќи ја таквата ситуација како „предизвик без преседан“ за образованието, УНЕСКО информира дека се затворени училиштата во 102 држави, а делумно не работат во уште 11 земји.

Организацијата предупредува дека поради Ковид-19 се очекуваат уште затворања на образовните институции низ светот.