Приведен гостиварски угостител поради непочитување на владината одлука за затворање угостителските објекти
Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 13 часот го лишиле од слобода 51-годишниот гостиварец А.А., сопственик на угостителски објект во Гостивар. Во угостителскиот објект лоциран на улица „Гоце Делчев“, кој бил отворен спротивно на владината одлука и препораките за справување со коронавирусот, неколку лица во внатрешноста на објектот користеле услуги, односно биле послужени со храна.
Ова вечерва на својот официјален Фејсбук профил го објави дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.
А.А. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
-МВР уште еднаш апелира до граѓаните целосно и безусловно да ги почитуваат мерките и да се придржуваат на владините одлуки, препораки и совети и укажува дека секое нивно непочитување адекватно ќе биде санкционирано согласно важечката законска регулатива, пишува Петровска на фејсбук.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица