Профитот на саудиската нафтена компанија „Сауди Арамко“ опаднат за 20 отсто

Саудискиот нафтен гигант „Сауди Арамко“ соопшти дека профитот во 2019 година му е опаднат за 20 отсто, на 88, 2 милијарди долари.
Компанијата не одговорила на плановите на Саудиска Арабија да го зголеми производството на рекордно ниво по состанокот што беше оддржан претходно овој месец меѓу ОПЕК и Русија, кога не се постигна договор околу намалувањето на производството, пренесуваат американските медиуми.
Тоа доведе до пад на цената на сировата нафта за 25 отсто, што е најголем пад од војната во Заливот во 1991 година.
Меѓународната рефернетна марка нафта „Брент“ вчера се тргуваше за малку над 33 долари за барел, а аналитичарите се загрижени дека цената може дополнително да се намали.
Иако сето ова бензините ги прави поевтини за потрошувачите и авиокомпаниите, тоа сепак влијае и врз американските нафтени компании и остантите кои се борат со понискиот економски раст заради пандемијата од коронавирусот.
За своите резултати „Сауди Арамко“ ја обвини пониската цена на сировата нафта и падот на маржите за продажба на хемиските производи заради намалувањето на профитот.
Компанијата го наведе и хаосот што беше предизвикан од септемврискиот вооружен напад врз нејзините постројки, што привремено го преполови производството во Суадиска Арабија.
Саудиска Арабија и Западот за нападот го обвинуваат Иран, што Техеран го негира.
„Сауди Армако“ наведе дека во 2019 година имал профит од 88,2 милијарди долари, што е помалку отколку во 2018 година, кога тој изнесувал 111,1 милијарди долари.
Ново на Сител
-

Стрелките се враќаат еден час назад: Еве кога започнува зимското сметање на времето
-

35 врвови за 35 години независност: Благица Владимировска и Ема Лазареска ја изодеа Шар Планина за четири дена
-

Загрижувачки резултати: Само третина од 15-годишниците во земјава имаат основни познавања за математика, читање и наука
-

Мерц: АфД е „деструктивна сила“ која никогаш нема да освои апсолутно мнозинство
-

„Екс ју авијација“: „Ер Србија“ со 14 лета неделно меѓу Белград и Скопје во зимската сезона
-

За две години во Србија се породиле повеќе од 3.500 тинејџерки, 31 биле помлади од 15 години
-

Утрово уапсен Перпарим Бајрами, сам се предал на полицијата
-

Македонија прослави 35 години независност со светски музички спектакл на Давид Гета | ФОТО
