Франција: Ограничено движење на граѓаните
Франција ќе ги затвори повеќето продавници, освен за прехранбени производи, ресторани, кина и игротеки, од полноќ денеска како дел од мерките за запирање на ширењето на новиот коронавирус, објави францускиот премиер Едуард Филип.
Откако беше официјално објавено дека 91 лице починало од вирусот во Франција и речиси 4.500 луѓе се заразени во моментот, премиерот Филип во изјавата вели дека на Владата не и преостанало ништо друго освен да преземе такви чекори бидејќи премногу луѓе се уште се на улиците кои не ги применуваат превентивни мерки што се препорачани.
Филип ги замоли граѓаните сериозно да ја сфатат ситуацијата и рече дека што е можно повеќе луѓе да работат од дома, дека јавниот превоз ќе продолжи да работи, но дека граѓаните треба да го користат како последно средство.
Продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи ќе продолжат да работат, но секое движење на граѓаните ќе биде ограничено.
Во Франција се забележува нагло зголемување на оние заболени кои се во сериозна состојба, вклучително и 300 пациенти на интензивна нега, од кои половината се над 60 години, соопшти француското Министерство за здравство.
Ново на Сител
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка
-
Извршени десет претреси во Скопје, Неготино, Дојран и Битола во акцијата поврзана со криумчарење луксузни возила
-
Со вонредните контроли на АХВ, парично казнети 23 угостители
-
Приведено лице заради службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање на службена тајна“