Судскиот Совет апелира за редуцирано физичко присуство на јавноста во судници

Судскиот Совет на Република Македонија, со цел преземање на соодветни мерки за спречување на инфекцијата со Ковид-19, познат како „корона вирус”, препорачува до граѓани кој се странки во судски постапки, да се јавуваат во судските органи само ако тоа е неопходно, односно задолжително, информираат од Прес-службата на Судскиот Совет.
– Исто така, известуваме дека таму каде што се исполнети законски услови, судењата ќе продолжат по нормален тек. Таму каде што интересот на јавноста е поголем, се препорачува истите да продолжат, но седниците да се следат со редуцирано физичко присуство на јавноста, без притоа да се наруши на јавноста во судските постапки, се вели во соопштението на Судскиот Совет на РМ.
Воедно, од таму наведуваат дека таму каде што има можност, на јавноста треба да и се овозможи следење на седниците со употреба на информатичка технологија преку видео стриминзи и слични.
Ново на Сител
-

Астероид именуван по папата Лав XIII
-

Трамп се сретна во Белата куќа со астронаутите на НАСА од мисијата „Артемис II“
-

„Репортери без граници“: Слободата на медиумите во светот на ниво најниско во последните 25 години
-

Најстудено на Попова Шапка - два степени, најтопло во Струмица - 12 степени
-

Цената на нафтата расте, во моментов на највисоко ниво од 2022
-

Маж со чекан повредил пет лица во Токио, тројца од нив полицајци
-

Трамп размислува за намалување на американскиот воен контенгент во Германија
-

Симеоне: Во полуфинале на ЛШ за да се досуди пенал потребна е чиста ситуација
