И покрај прекинот на наставата, владата веројатно нема да размислува за одработување на загубените часови

И покрај прекинот на наставата, во владата не се размислува за одработување на загубените училишни денови ниту во викенди ниту по 10ти јуни, брифираат владини извори. Министерството за образование и Бирото за развој на образованието ќе бидат задолжени да ги прилагодат програмите и да ја организираат наставата согласно пропуштените денови. Забранети се сите вон школски активности- курсеви, тренинзи и други дополнителни активности. Игротеките нема да бидат затворени но апелот е родителите да избегнуваат ризици за своите деца.
Приватните компании исто како и јавниот сектор ќе бидат задолжени да овозможат на еден од родителите на деца помали од 10 години да останат дома и да се грижат за нив. Институциите ќе предложат начини за регулирање на овој процес но отсуството ќе мора да биде платено од работодавачите. Засега не се размислува за помош и ослободувања за фирмите.
Во овој момент останува планот за забрана на собири помасовни од 1000 лица, но во согласност со развојот на анстаните бројката која е поставена како лимит може да биде и намалена.
Ново на Сител
-

Боледувањата ја осиромашиле германската економија за 200 милијарди евра
-

Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја
-

Подари моменти на радост, подари „Среќа плус“
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Чекања и до три часа на европските аеродроми поради новиот систем за влез и излез од ЕУ
-

Лишен од слобода скопјанец, пронајден кокаин
-

Трамп менува 30 амбасадори - меѓу нив и Агелер
-

Бела куќа: Од јануари собрани „235 милијарди долари од царини“
