-->
-->
ФБИ ја плете мрежата околу Блатер
-->
Откако во Швајцарија по барање на ФБИ минатата недела беа уапсени претседателите на КОНЕМБОЛ и КОНКАКАФ, следен на удар на американските власти е 79-годишниот Сеп Блатер.Британскиот сервис, BBC објави дека ФБИ ја истражува улогата на Блатер во корупциската афера тешка 100 милиони долари. Американските власти се сомневаат дека тој ја толерирал и ја забошотил корумпираноста на некогашниот претседател на ФИФА, Бразилецот Жоао Авеланж и членот на ИО Рикардо Тешеира, кои од компанијата ISL примиле поткуп од 100 милиони долари.
Овие двајца на компанијата ISL и ги обезбедиле маркетинг и ТВ правата во периодот од 1992 до 2000 година.
Поради оваа афера Авеланж и Тешеира завршија со своите функционериски кариери, иако Тешеира пред пензионирањето, како член на ИО на ФИФА одработи уште две гласања, оние на кои им беше доделена организацијата на Светските првенства на Русија (2018 година) и Катар (2022 година).
Сеп Блатер во 1998 година стана претседател на ФИФА и поради овој случај тој веќе одговараше пред Етичкиот комитет на ФИФА. Швајцарецот, тогаш рекол дека не знае ништо за коруптивните активности на своите претходници. Бидејќи во Швајцарија до 1995 година поткупот во работењето не било казниво, Авеланж и Тешеира се извлекоа со парични казни од три милиони швајцарски франци.
Сепак американските власти сметаат дека Блатер не ја зборувал вистината. BBC, тврди дека ФБИ поседува писмо во кое Авеланж пишува за примањето на поткуп и наведува дека Блатер знаел за тие активности.
Блатер, во моментов се наоѓа под 90-дневна суспензија поради исплатата на 1,8 милиони евра на Мишел Платини за консултански услуги и тоа врз основ на устен договор.
Повикувајќи се на извори блиски до истрагата, BBC пренесува дека Катар за организацијата на СП во 2022 година платил 162 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
-

Од утре повремен дожд и пониски температури
-

Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката
-

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик, јасна е одлуката на Венециската комисија
-

„АЛТА банка“ од понеделник ќе ја отвори и експозитурата во Прилеп, ќе може да се подигнат до 20.000 денари
