Македонија
8. March 2020 - 13:01

Осмомартовски цвеќиња за жени возачи во Битола

СВР-Битола, поводно и во рамки на проектите „Полицијата и граѓаните заедно” и „Безбедно во сообраќајот“ денеска на сите жени возачи им го честитаа меѓународниот празник 8 Март.

Отсекот за превенција, полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР-Битола, во координација со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот-РСБСП и училишната сообраќајна единица од овој град изведоа превентивна акција на повеќе пункта низ Битола каде на возачите и пешаците жени им подарија цвеќе.

Од СВР-Битола и денеска апелираа за внимателно возење и почитување на сообраќајните правила и прописи.