Продолжува препораката за неодржување на поголеми јавни собири и за спортски натпревари без публика до 13 март
Владата на Република Македонија на денешната 14.седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство да се продолжи препораката за ограничување на јавните настани со гости од странство, препораката за неодржување на поголеми јавни собири и настани, како и препораката спортските натпревари да се одржуваат без публика до 13 март, и ги утврди како свои заклучоци и препораки до јавноста и до институциите.
На седницата, како што соопшти владината прес-служба, министерот за здравство Венко Филипче информираше за актуелната состојба со коронавирусот во земјата, и ги запозна членовите на Владата со информациите кои доаѓаат од постојаната комуникација со соодветните институции од земјите од регионот, Европа и од Светската здравствена организација.
На седницата, како што се посочува, е прифатена и информацијата дека заради проширувањето на вирусот во повеќе земји од Европа и региони во светот, Институтот за јавно здравје редовно ја ажурира листата со ризични земји и ја доставува до сите членови на Комисијата, како и до сите надлежни гранични служби и до граничната полиција.
На седницата Владата ја прифати и ја утврди и како своја и препораката на Комисијата за заразни болести, царинските служби и туристичките агенции редовно да доставуваат ажурирани списоци со податоци за патниците кои влегуваат во земјата организирано, како и листи со податоци за патниците кои се превезуваат со редовните линии.
Согласно ситуацијата во Европа, ситуацијата во Италија, како и во другите подрачја со поголем број регистрирани случаи со коронавирусот, останува препораката на Владата за сите патници од овие региони, да го пријавуваат влегувањето во земјата и да ги известат здравствените и безбедносните власти на граничните премини доколку се сомневаат дека имаат симптоми кои можат да бидат последица на контакт со корона вирусот, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Приведен 30-годишник, прегазил пешак кој што подоцна починал
-
Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол
-
Јавна осуда од Комората на психолози за нападот и навредите на социјалните мрежи
-
Претрес во скопско, пронајдени гранки и стебла од канабис, приведен 50-годишник | ФОТО
-
Приведени тројца возачи во Куманово, управувале возило под дејство на алкохол
-
Малолетник од Гостивар приведен на патот Ресен–Охрид со украдено возило
-
Откриена спомен бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“
-
НАТО: Руското нарушување на воздушниот простор е опасна ескалација