Бизнис
4. March 2020 - 19:30

Владата очекува мерките за млади да го намалат иселувањето

Вицепремиерката Царовска е сигурна дека мерките кои ги спроведува државата ќе помогнат да се намали одливот на кадар. Царовска вели дека  ако не се преземе нешто ситуацијата дополнително би се влошила. Има примери на земји кои се соочувале со голема миграција, но успеале со одредени мерки да вратат дел од иселениците.

Анализите на Економскиот факултете покажуваат дека изминативе години има намалува на бројот на запишани студенти. Причината за тоа ја лоцираат во намалениот број на средношколци.

Според информациите на дел од бизнисмените, околу 100-тина визи неделно издава германската амбасада во земјава.  Со новата законска регулатива  на Германија, се скратува времето за издавање на виза за квалификуваните кадри, полесно ќе се признаваат дипломите, а секој кој има договор ќе добие дозвола за престој на четири години.