Над 2.600 граѓани направиле увид во Избирачкиот список

Од почетокот на јавниот увид во Избирачкиот список на 26 февруари до 1 март, во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12 април, во подрачните единици и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) 2.613 граѓани ги провериле своите податоци.
Најмногу избирачи ги провериле своите податоци во канцеларијата на ДИК во Демир Хисар – 217, во подрачната канцеларија во Струмица – 181, во канцеларијата во Крушево – 175, во Прилеп – 164, во Битола – 159 и во Кичево – 131.
Според податоците од Државната изборна комисија, во овој период од 26 февруари до 1 март запишани во Избирачкиот список се 29 граѓани, избришани од Избирачкиот список се 23 граѓани, промена на податоци имало за 19 граѓани.
Дополнително, увид во Избирачкиот список може да се направи преку веб – апликацијата на веб-страната на ДИК https://izbirackispisok.gov.
Увидот во Избирачкиот список, според Роковникот на ДИК, како и пријавувањето на македонските државјани од дијаспората за гласање на предвремените избори завршува на 11 март на полноќ.
ДИК до вчера напладне прифати 1.430 пријави за гласање на македонски државјани што живеат или се на привремена работа во странство. Гласањето во дијаспората треба да се организира на 11 април.
Ново на Сител
-

Лејкерси го зголемија водството во серијата против Хјустон
-

Интер се врати од негатива од 0:2 и го победи Комо во полуфиналето на Купот на Италија
-

Цените на нафтата остануваат високи и покрај продолжувањето на примирјето од страна на Трамп
-

Трамп најави продолжување на примирјето со Иран, продолжуваат блокадите на иранските пристаништа
-

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада
-

Со искази на сведоци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Променливо облачно со дожд и ветер од северен правец
-

Маж од скопско три дена ја киднапирал, тепал и силувал својата поранешна партнерка
