НАТО на вонредни консултации по барање на Турција поради ситуацијата во Сирија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг свика вонреден состанок денеска со амбасадорите на државите на Алијансата.
Амбасадорите ќе разговараат за ситуацијата во Сирија на барање на Турција. Се прецизира дека барањето е по Член 4 од Вашингтонскиот договор, според кој секоја земја од Алијансата може да побара консултации со своите сојузници доколку идентификува закана за нејзината безбедност, територијален интегритет или политичка независност.
Столтенберг синоќа ги осуди воздушните напади на Сирија и Русија во сириската провинција Идлиб.
Најмалку 33 турски војници беа убиени вчера во Идлиб од воздушни напади, за кои Турција смета дека се дело на сириската армија.
Анкара се одмазди со напади против позиции на армијата на сирискиот претседател Башар ал Асад. САД повикаа да се стави крај на офанзивата на Идлиб и изразија поддршка за Турција.
Ново на Сител
-

Руската ПВО соборила 272 украински дрона, три жртви во украински напад врз Симферопол на Крим
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Руте: Продолжува испораката на ракети пресретнувачи PAC-3 за Украина
-

АХВ одбележува 15 години постоење
-

Комисиска расправа за предлог законите за високи раководители и за соодветна и правична застапеност
-

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран
-

Трамп најави учество на Самитот на Г-7 во Франција
-

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи
