Два милиони евра од ЕБОР за енергетска ефикасност на домовите
Два милиони евра обезбеди Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за инвестиции во еколошки технологии со високи перформанси, наменети за згради во приватна сопственост и објекти за домување во земјава.
Средствата ќе бидат достапни преку Шпаркасе банка, а наменети се за физички лица кои планираат да инвестираат во технологии, материјали и решенија за подобрување на енергетската ефикасност.
Финансирањето на ЕБОР е преку Програмата за финансирање на зелена економија (Green Economy Financing Facility – GEFF).
–Зградите во Македонија имаат итна потреба од реновирање и поставување изолација, со што се очекува да се намалат трошоците и да се подобри удобноста на живеење. Ова е трета кредитна линија преку GEFF за Шпаркасе Банка Македонија, со која се задоволува растечката побарувачка за овој финансиски продукт, стои во соопштението од ЕБОР.
Како што се додава дополнително на ова, ЕБОР одобри три милиони евра од кредитната линија за хипотекарни кредити на Шпаркасе банка Македонија, за натамошно приватно кредитирање на потребите на домаќинствата. Ова е вториот хипотекарен кредит на ЕБОР кон оваа банка. Првиот беше потпишан во 2017 година и е целосно пласиран на пазарот во земјата. Финансирањето на хипотеките, во комбинација со кредитот за подобрување на заштедите на енергија кај домаќинствата, според БОР, ќе помогне во проширување на кредитирањето во резиденцијалниот сектор.
GEFF во Македонија е дел од Програмата за Западен Балкан (Green Economy Financing Facility – GEFF) во износ од 85 милиони евра, одобрена во 2017 година, како заедничка иницијатива на Европската Унија (ЕУ), Австриското Федерално Министерство за финансии и земјите кориснички на средствата од Инвестициска програма за поддршка на Западен Балкан ( Western Balkans Investment Framework – WBIF).
Иницијативата работи под покровителство на Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (Regional Energy Efficiency Programme for the Western Balkans – REEP Plus), финансирана од ЕУ, и имплементирана во партнерство со Европскиот Секретаријат за енергетика. Со оваа програма се обезбедува поддршка на политиките за хармонизација на законодавството и регулативите на енергетската ефикасност кај зградите на домување во земјата, со релевантните европски директиви.
ЕБОР досега има инвестирано над 2 милијарди евра во 129 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија,како што наведуваат во соопштението, е приоритет за ЕБОР, бидејќи се справува со еден од најважните предизвици во земјата.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија