За 3-ти март одложено рочиштето за „Насилство во Општина Центар”
Отсуството на вештак од Србија за судскиот предмет за „Насилство во Општина Центар”, е причина зошто не се одржа денешното рочиште за овој случај. Минатото рочиште обвинителот Гаврил Бубевски го најави вештакот од Белград, откако одбраната на обвинетиот Миле Јанакиески, побара истиот да биде присутен во судница и да го објасни вештачењето за бомбите во овој предмет. Следното рочиште за овој предмет е закажано за 3-ти март.
Во овој предмет инициран од поранешното СЈО, кој сега се води од скопското обвинителство, се обвинети повеќе лица, меѓу кој и поранешниот премиер Никола Груевски (моментално во бегство во Унгарија), поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и други лица учесници во насилните протести пред Општина Центар во 2013 година.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд