Во Шпанија спасени 24 мигранти, по 53 сè уште се трага

Шпанската морнарица соопшти денеска дека спасила 24 мигранти во близина на Канарските Острови, северозападно од брегот на Африка, а сè уште се трага по 53 лица кои веќе два дена се водат како исчезнати.
Во потрагата учествува и авион, меѓутоа се соочуваат со проблеми поради лошите временски услови.
Меѓу спасените мигранти имало девет жени и едно новороденче, кои се префрлени на островот Гранд Канарија.
Шпанските власти првично започнаа потрага за околу 140 исчезнати мигранти, кои пловеле во пет чамци, но потоа потрагата е намалена на два чамца со 26, односно 27 мигранти.
Во периодот од 1 јануари до 15 февруари повеќе од илјада мигранти пристигнаа на Канарските Острови, што е неспоредливо повеќе отколку во истиот период минатата година, кога пристигнале само 66.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
