Детектор: Секој четврти граѓанин смета дека Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ

Повеќе од една четвртина од граѓаните сметаат дека Македонија никогаш нема да стане членка на Европската Унија, покажува најновото истражување кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Приближно исто толкав број на граѓани сметаат дека ЕУ ќе ни ги отвори вратите во наредните 5 години.
27,3% очекуваат членство во наредните 5 години, 16,6% во наредните 10 години, а 10,1% идната година. 9,5% сметаат дека членството ќе дојде во наредните 15 години, а 25,8% сметаат дека земјава никогаш нема да биде член на ЕУ.
58,4% од анкетираните сметаат дека членството во Европската Унија е единствената опција за иднината на Македонија додека 18,6% сметаат дека постојат и други алтернативи. Најголем дел од нив, 4,9% сметаат дека тоа е евроазиски сојуз, 2,6% сметаат дека не треба да има членство во сојуз, а 1,9% сметаат дека најдобра опција за Македонија е балкански сојуз.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје по нарачка на Детектор е спроведена во периодот од 28 до 31 јануари врз репрезентативен примерок од 1083 испитаници.
Ново на Сител
-

Протести во Прага поради планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми
-

Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра
-

Трамп бара од Конгресот дополнителни средства за модернизација на американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај
-

Следува променливо облачно и потопло време, од среда повремено силен јужен ветер
-

Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство во државава
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
