Доналд Трамп во уверливо водство пред другите републиканци за претседателски кандидат

Американскиот бизнисмен и милијардер Доналд Трамп се наоѓа во уверливо водство пред другите кандидати во трката за номинација на Републиканската партија, за претседателските избори во САД, во ноември, идната година, покажува најновото истражување на Си-Ен-Ен.
Анкетата покажува дека 36 отсто од регистрираните републиканци и поддржувачи на оваа партија, му даваат подршка на Трамп, наспроти другите 14 кандидати.
Далеку зад него, како втор, е сенаторот од Тексас Тед Круз, со поддршка од 16 отсто, па пензионираниот невро-хирург Бен Карсон, кој сега е трет и кого го поддржуваат 14 отсто од републиканците.
На четвртата позиција е сенаторот од Флорида, Марко Рубио кој едно време беше главен кандидат за номинацијата, со Џеб Буш, но сега и обајцата се борат за да останат во изборниот процес.
Тоа посебно се однесува за поранешниот гувернер на Флорида и син и брат на двајца американски претседатели, Џеб Буш. Во споредба со последното мерење направено од Си-Ен-Ен, најмладиот Буш има намалување на поддршката кај гласачите, од пет отсто и сега зад него стојат само три отсто од републиканците, што е негово најниско ниво, од почетокот на трката за номинација.
Најголем пораст на гласачката поддршка, меѓу двете направени анкети, има кај Круз, дури 12 и кај Трамп од девет отсто.
Анкетата, која е направена пред масакрот во Сан Бернандино, покажува дека републиканските гласачи се најмногу поделени околу образованието на сите кандидати.
Кај гласачите со диплома од некој колеџ, најпопуларен претедендент е Тед Круз, пред Карсон, Рубио и Трамп за кого би гласале само 18 отсто од „факултетлиите“.
Меѓу гласачите на кои дипломата ништо не им значи. Трамп е уверливо прв, со подршка од 46 отсто. Меѓу овие гласчи, Круз би добил само 12 , а Карсон 11 отсто од гласовите.
Трамп е особено популарен меѓу бизнисмените, но за економските прашања на САД, дури 55 отсто од сите републикански гласачи сметаат дека тој е најкомпетентен.
Така мислат 48 отсто од републиканците, кога станува збор за имиграцијата, 46 отсто кога е во прашање ИД и пресметката со џихадизмот и 30 отсто кога се зборува за надворешната политика.
Меѓу претендентите за номинација кај Демократската партија, уверлива предност има Хилари Клинтон, па доколку состојбата и во двата табори, драстично не се изменат, во ноември идната година, Американците ќе треба да се одлучат меѓу Клинтон и Трамп околу тоа кој ќе го наследи сегашниот претседател Барак Обама.
Ново на Сител
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
-

Излегувањето на Груби од куќен притвор поздравено со огномет, бакљи и петарди, тој се оградува: „Не го организирав јас“
-

Клековски наредната недела ќе има средба со повредените од пожарот во „Пулс“ за нивното понатамошно лекување
